Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Ландо Норис, во саботата објави дека го продолжил договорот со Мекларен до крајот на 2030 година и изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во тимот каде што се чувствува како дома.
26-годишниот Британец, победник на последните две трки во Унгарија и Холандија, им ја соопшти веста на вработените во Мекларен за време на денот поминат со семејството и пријателите во фабриката во Вокинг.
Мекларен изјави дека постои и повеќегодишна опција за продолжување на соработката по 2030 година, а на Норис му е подарен автомобилот „MCL39“ од минатата сезона, кога стана првиот возач на тој тим што ја освои шампионската титула по Луис Хамилтон во 2008 година.
Според неколку извори, Норис потпишал договор според кој треба да заработи 140 милиони евра.
Норис ќе заработува 30 милиони евра годишно, што не е ни блиску до Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. Тие имаат договори од 60 милиони евра годишно.
До крајот на сезоната во Формула 1 остануваат уште 11 трки, а Норис е 83 бода зад лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели.
Foto/ Depositphotos
