Трикратниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда повторно беше примен во болница во текот на празниците, откако „закачил“ грип, што не е многу препорачливо по неговата трансплантација на белите дробови.
Австриецот во текот на годините има повеќе трансплантации на бели дробови поради последиците од страшната несреќа кога гореше во болидот во Нирбургринг во 1976 година, од кои последната во средината на 2018 година. Операцијата беше успешна и тој излезе од болница.
Но, според австрискиот весник „Кроне“, Лауда при прославата на Божиќ со неговото семејство на Ибица, се разболел, што се искомпликувало бидејќи неговиот имунитетен систем не е опоравен по операцијата. Тој веднаш бил примен во болницата „АКХ“ во Виена, каде што ќе остане подолго време/