Top Sport

Таткото на тркачот Латифи со голема инвстиција во Мекларен

Канадскиот бизнисмен, Макл Латифи, таткото на Формула 2 тркачот Николас, стана првиот нов акционер на тимот на Мекларен по заминувањето на Рон Денис.

Со инвестиција од над 200 милиони фунти преку компанијата Нидал ќе влезат во концернот Мекларен, каде што единствени други акционери се Мансур Оџех и Мумталакат, владината компанија на Бахреин.

Латифи, кој е познат фан на Ферари, си замина од родниот Иран како тинејџер и од работа во „Мекдоналдс“, стана сопственик на „Софина фудс“, третата најголема прехрамбена компанија во Канада.

„Долго време сум почитувач на брендот Мекларен и нивниот бизнис. Тоа е уникатна организација во автомобилската и тркачката индустрија со возбудливи шанси за раст на бизнисот. Затоа ја правам оваа инвестиција и горд сум што сум дел од Мекларен“, вели Латифи.

22-годишниот Латифи е ветувачки натпреварувач во јуниорските категории и секако, не би било чудно наскоро да се види во некаква улога во тимот на Мекларен.

Scroll to Top