Не-извршниот директор на Мерцедес, трикратниот Ф1 шампион Ники Лауда побара новите сопственици во Формула 1 да се откажат од одлуката да нема девојки за презентација на трките.
Австриецот се согласува со ексшефот Берни Еклстоун дека се работи за „глупав“ потег и побара ако некој е навреден нека стават и момчиња на стартот.
„Ова е одлука против жените. Мажите постојано прават одлуки во име на жените. Ова нема да ја подобри Формула 1. Колку можат да бидат глупави? Се надевам дека има време да ја сменат одлуката. Не би ми пречело да има и момчиња на стартот, не само девојки. Зошто да не?“, вели Лауда.
Австриецот вели дека користењето на девојки на стартот нема никаква врска за жените во мотоспортот и не ја исклучува можноста жените да имаат улога во менаџерскиот и инженерскиот дел на спортот, како заменикот шеф на Вилијамс, Клер Вилијамс.
„Девојките секогаш биле дел од Формула 1 и тоа треба да продолжи. Жените полека преземаат важни улоги и го прават тоа одлично, но двете работи не мора да се исклучуваат. Не сакам да ги ограничуваме жените, туку да ги охрабруваме. Замислете ја Америка без чирлидерки!“, додава Лауда.
Крај на уште една Ф1 „традиција“ – нема веќе девојки за претставување (галерија)