Top Sport

Карагер: Кутињо сигурно не вреди 140 милиони евра

Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер не е импресиониран од трансферот на Филип Кутињо во Барселона, посочувајќи дека бразилскиот фудбалер дефинитивно не вреди 140 милиони евра.

Каталонците подолго време го „ловеа“ Кутињо за во зимскиот преоден рок конечно да ги убедат Ливерпул да ги купи.

„Не се согласувам со тоа што Ливерпул го загубија на средина сезона, бидејќи во тој момент бевме во игра во ФА купот и во Лигата на шампионите. Сите фанови на Ливерпул се чувствуваа добро кога тој реши да остане во текот на летото, но знаевме дека ова е последната сезона. Кутињо не е толку добар за 140 милиони евра“, вели Карагер.

Поранешниот дефанзивец исто така не беше импресиониран од засилувањето на Ливерпул, дефанзивецот Виргил ван Дајк од Саутемптон.

„Периодот не може да се оцени како успех за Ливерпул бидејќи го загубивме нашиот најдобар играч, а донесовме дефанзивец. Не можеме да го криеме тоа“, вели Карагер.

Scroll to Top