Ники Лауда, трикратниот шампион во Формула 1, вчера вечерта бил опериран во болницата „Виена Генерал“, во Виена и успешно закрепнува по трансплантацијата на белите дробови.
„Поради тешката состојба на белите дробови неопходна беше трансплантација и таа беше успешно извршена“, објави болницата на својата интернет страница.
69-годишниот Австриец неодамна бил хоспитализиран, а медиумите немаа точна информација за што станува збор. Лауда здравствените проблеми ги почувствувал на Ибица, а по враќањето во Виена бил хоспитализиран поради сериозна кашлица.
Лекарите утврдиле дека е потребно да биде извршена трансплантација на белите дробови. Операцијата успешно ја извршиле докторите Валтер Клепетко и Конрад Хоценекер.
Ники Лауда, во 19976 година на трката за Големата награда на Германија во Нирбургринг, се здобил со тешки изгореници откако се запали неговото Ферари. Лауда ја преживеа несреќата, а три трки подоцна се врати на патеките.