Кам-бекот на деветкратниот рели ВРЦ шампион, Себастиен Леб во шампионатот најверојатно ќе почне со Мексиканското рели наместо со легендарното рели на Монте Карло.
Леб е поврзуван со делумна програма во 2018 откако неколку пати го тестираше Ситроен Ц3 автомобилот на француската компанија, бидејќи приоритет му се настапите во Светскиот реликрос шампионат со Пежо. Покрај тоа, тој повторно ќе настапува на Дакар релито, во последната трка за Пежо во јануари.
Претходно се веруваше дека Леб директно од Јужна Америка ќе оди на првата трка во Монте Карло, тоа сега е „неверојатна опција“, а бидејќи втората трка на календарот, Шведското рели се поклопува со стартот на РХ тест-програмата на Пежо, најверојатна опција за кам-бек е Мексиканското рели во март.
„Уште преговараме со Себ, и единствено што можам да кажам е дека нема да биде во Монте Карло, бидејќи е претешко со Дакар релито. Прерано е да зборуваме“, вели шефот на Ситроен, Ив Матон.
Леб нема настсап во Рели ВРЦ по Монте Карло во 2015 година, кога водеше во поголемиот дел од трката пред да се откаже поради оштетена суспензија.