Top Sport

Легендарниот Џанкарло Минарди доби функција во ФИА

Поранешниот сопственик на Ф1 тим, Џанкарло Минарди е новиот претседател на Комисијата за трки на ФИА, каде што ќе го замени Боб Фернли, поранешниот шеф на Форс Индија (сега Астон Мартин).

74-годишниот Минарди исто така од 2020 е претседател на патеката „Енцо е Дино Ферари“ во Имола, а исто така е и член на Автомобилистичкиот клуб на Италија. Неговата новаа улога ќе биде реорганизација на јуниорските трки на ФИА.

Минари ја почна својата тркачка кариера во 1960-тите со настап во рели трките, пред да стане менаџер. Тој изгради успешен Формула 2 тим, кој во 1985 година влезе во Формула 1 и собра армија фанови поради тоа што постојано беше аутсајдер со минимални средства за натпреварување.

Минарди Ф1 беше откупен од Пол Стодарт во 2001 година, пред во 2006 година овој тим да биде купен од Ред бул и преименуван првично во Торо росо, а сега во Алфа таури.

Scroll to Top