Top Sport

Леклер бесен на Ферари: Мора да ме слушате

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изненади со освојувањето на пол-позицијата за Големата награда на Унгарија во саботата, а еден ден подоцна мораше да се задоволи со четвртото место на трката.

Леклер го презеде водството од самиот почеток и брилијантно се држеше до втората промена на гумите, кога падна во редоследот зад двајцата возачи на Мекларен, и беше престигнат од Џорџ Расел во Мерцедес.

Дури и пред Британецот да успее да го загрози, Леклер имаше порака за својот тим, кој го повика во боксот пет круга пред Пјастре, што го чинеше во борбата и за подиумот и за победата.

„Ова е неверојатно фрустрирачко. Ја изгубивме целата конкурентност. Мора да ме слушате, би нашол друг начин да се справам со тие проблеми. Сега автомобилот не може да се вози, не може. Ќе биде чудо ако завршиме на подиумот“, рече Леклер.

И чудото не се случи, бидејќи Расел го престигна Леклер на осум круга до крајот на трката, а возачот на Ферари беше казнет и за агресивната одбрана од возачот на Мерцедес.

Победата на Големата награда на Унгарија ја однесе возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој се одбрани од нападите на тимскиот колега Оскар Пјастри, во последните три круга, додека Расел беше трет, повеќе од 20 секунди зад двоецот на Мекларен и исто толку пред Леклер.

Формула 1 сега има летна пауза што трае до Големата награда на Холандија во „Зандворт“, која е на програмата од 29 до 31 август.

Foto/ EPA/Zsolt Czegledi

Scroll to Top