Top Sport

Леклер: Бев премногу алчен, ова не смее да ми се повтори

Шарл Леклер е еден од трагичарите на трката во Имола. Возачот на Ферари и лидер во генералниот пласман, во саботата, го загуби првото место во претпоследната рунда од спринт трката во саботата, а еден ден подоцна на трката за Големата награда на Емилија Ромања заврши шести.

Леклерк имаше лош старт на неделната трка и падна од второ на четврто место. Тој успеа да се пробие до третата позиција, а потоа направи голема грешка на крајот од трката бркајќи го Серхио Перез од Ред Бул. Се изврте, го оштети предното крило и мораше да ги посети своите механичари. Се врати како деветти и до крајот успеа да претекне тројцата возачи.

„Голема штета. Ова не требаше да ми се случи. Третото место е најдоброто што можев да го постигнам, немавме брзина за нешто повеќе. Бев премногу алчен, ја платив цената и загубив седум важни бодови. Тоа се седум бода кои можат да го одлучат шампионатот. Ова повеќе не смее да ми се повтори“, изјави Леклер.

„Ова беше мала грешка, а последиците можеа да бидат уште поголеми. Ме чинеше седум поени сега, а следниот пат може да ме чини повеќе. Морам да бидам внимателен”, додаде Леклер, кој има 27 поени предност над вчерашниот победник и бранител на титулата, Макс Верстапен.

Scroll to Top