Top Sport

Леклер: Ферстапен е поагресивен возач од Хамилтон

Шарл Леклер, асот на Ферари, прговорил за ривалите од Мерцедес и Ред Бул, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. Возачот од Монте Карло, подолго се познава со Ферстапен, уште од периодот кога двајцата возеа картинг, Хамилтон го запознал во Формула 1.

„Зборуваме за различни стилови на возење. Макс е поагресивен, Луис вози многу „почисто“. Лилно, сака да се натпреварувам со двајцата. Хамилтон е паметен, во текот на трката ве става во тешки ситуации. Претекнува само кога е сигурен дека може да помине“, рекол Леклер.ж и дополнил.

„Макс секогаш вози на граница на ризикот. Не се откажува, искрено мене тоа не ми пречи. Макс или Луис, за мене е исто.“

Шампионатот на Формула 1, продолжува викендов во Сочи. Трката во недела, Леклер ќе ја започне од последната позиција.

Scroll to Top