Top Sport

Леклер: Фрустриран сум

Шарл Леклер доживеа уште едно големо разочарување. Возачот од Монте Карло, повотрно не успеа да во победа да ја претвори освоената пол-позиција. Трката во Баку, Леклер ја заврши во 20.круг, кога откажа моторот во неговото Ферари.

„Фрустриран сум. Првиот спринт не беше особено силен, но сепак успеав да го фатам Чек (Перез). Мислам дека одењето во бокс беше вистинскиот избор. Возевме и добро ги контролиравме гумите. Бевме во најдобра позиција, но следуваше уште едно откажување. Тоа многу боли“, изјави Леклер.

Ферари, по трката за Големата награда на Азербејџан сериозно заостанува зад Ферстапен и Ред Бул.

„Ова не е добро. Немам зборови да опишам, ова е огромно разочарување. Само се надевам дека ќе излеземе од сето ова“, заклучи Леклер.

Лекер е трет во вкупниот поредок со 116 поени, пред него се Серхио Перез со 129 и Макс Ферстапен со 150 поени. Кај конструкторите води Ред Бул со 279 поени, Ферари се втори со 199.

Scroll to Top