Top Sport

Леклер го продолжи договорот со Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го продолжи договорот со италијанскиот тим, беше потврдено во четвртокот.

Претходниот договор на 26-годишниот возач од Монте Карло истекуваше на крајот на 2024 година.

„Ферари со задоволство објавува дека го продолживме договорот со Шарл Леклер. Тој ќе продолжи да вози за италијанскиот тим во Светскиот шампионат во Формула 1 и по сезоната 2024 година“, се вели во соопштението.

Ферари не прецизираше до кога до кога Леклер се обврзал да остане во тимот.

Леклер му се приклучи на италијанскиот тим во 2019 година, а минатата сезона го зазеде петтото место во генералниот пласман со 206 бодови.

Леклер во својата кариера забележа пет победи и 30 подиуми, додека 23 пати ја освои пол позиција.

Scroll to Top