Макс Ферстепен ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Азербејџан. Во најлудите квалификации во последните неколку години, актуелниот шампион ја освои пол-позицијата пред Карлос Санц јуниор од Вилијамс и Лијам Лосон од Рејсинг Булс.
Шест пати во текот на квалификациите беа истакнати црвени знамиња (пто е апсолутен рекорд), два пати во третата квалификациска сесија, кога своите болиди ги оштетија најпрвин Шарл Леклер, а потоа и лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри.
Rewind to Leclerc's Turn 15 crash 💥#F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/LRTNJTm8JA
— Formula 1 (@F1) September 20, 2025
Токму инцидентот што го предизвика Леклер, придонесе за конечниот поредок, бидејќи во тој момент Санц и Лосон веќе имаа поставено времиња. Истото се случи и во вториот обид возачите да ги извосат своите најбрзи кругови. Тогаш блиска средба со заштитните бариери имаше Пјастри.
💥 Así ha sido el ACCIDENTE de Oscar Piastri#F1 #AzerbaijanGP 🇦🇿 pic.twitter.com/GbomvEZgYp
— Fórmula Directa (@FormulaDirecta) September 20, 2025
На крајот на сите им остана само еден круг, тука блесна Ферстапен, Саинц и Лсон ги задржаа своите позиции, а зад нив се наредија возачите на Мерцедес Кими Антонели и Џорџ Расел, Јуки Цунода (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен) и Исак Хаџар (Рејсинг Булс).
Оскар Пјастри ќе стартува деветти, а Шарл Леклер десетти. Повторно разочара седумкратниот првак Луис Хамилтон, кој во поредокот го освои 12-то место.
Утрешната трка во Баку ќе започне во 13 часот.
Фото/ Принтскрин