Top Sport

Леклер ја освои пол-позицијата во Азербејџан

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Азербејџан. Возачот од Монте Карло, ја освои четвртата последовна пол-позиција, вкупно 15. во кариерата.

Леклер, во квалификациите забележа најбрзо време 1:41.359 минути. До него од првиот ред трката ќе ја започне Серхио Перез од Ред Бул. Колегите на најбрзите двајца, Макс Ферстапен и Карлос Саинц ќе стартуваат од третото и четвртото место.

Во третиот ред се Џорџ Расел од Мерцедес и Пјер Гасли од Алфа таури. Зад нив се Луис Хамилтон (Мерцедес), јуки Цунода (Алфа таури), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Фернандо Алонсо (Алпин).

Траката за Големата награда на Азербејџан утре ќе започне во 13 часот.

Scroll to Top