Top Sport

Леклер казнет пред трката за ГН на Абу Даби

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на првиот тренинг пред трката за ГН на Абу Даби во Формула 1, последна во сезоната, но беше казнет со додавање 10 места на својот пласман во квалификациите.

Леклер на тренинзите беше побрз за 0,221 секунди од возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој беше за 0,264 секунди побрз од Луис Хамилтон, кој ќе ја вози последната трка за Мерцедес пред да се пресели во Ферари.

Леклер беше казнет откако тимот му постави нова батерија во болидот, откако ја надмина дозволената бројка. Возачот од Монте Карло ќе стартува 10 места пониско од неговиот квалификациски резултат.

Тоа е голем удар за Ферари, кои се борат титулата во шампионатот за конструктори со Мекларен. Мекларен има 21 бод предност пред последната трка.

Последен пат титулата меѓу конструкторите Мекларен ја освоил во 1998 година, а Ферари во 2008 година.

Scroll to Top