Top Sport

Леклер: Ќе биде тешко да ги оставиме Ред бул зад нас во Мајами

И покрај тоа што третпат оваа сезона ќе стартува од пол-позицијата на Мајами ГП вечерва, Шарл Леклер стравува дека ќе биде многу тешко да се остави Макс Ферстапен и Ред бул зад болидите на Ферари.

Леклер ќе стартува пред неговиот колега Карлос Саинс, додека Ферстапен ќе биде на третото место откако направи грешка во последниот круг од квалификациите. Ред бул, сепак, покажа дека има поголема брзина на рамно, користејќи го ДРС системот за претекнувања како на трката во Саудиска Арабија.

„Ако дојдат блиску до нас за да се активираа ДРС системот ќе биде многу тешко. Но, ако имаме предност во кривините, тогаш ќе бидат доволно далеку за да не не претекнат на рамниот дел. Ќе видиме во трката. Брзината е одлична, но ќе биде важно да се заддржи развојот на болидот“, објаснува Леклер.

Scroll to Top