Top Sport

Украинскиот селектор Петраков: Русите не се мирољубива нација, затоа треба да платат

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Олексанер Петраков вели дека Русија треба да добие барем петгодишна суспензија од фудбалот како казна за војната која ја предизвика со Украина.

„Тие ги убиваат нашите жени, нашите деца, ги уништуваат нашите градови, така што едноставно немаат право да учествуваат во спортот. Според мене треба да добијат барем петгодишна суспензија. Една година не е доволно. Ако не ги сопреме, ќе дојдат по остатокот од Европa. Тоа не е мирољубива нација, така што треба да платат “, вели Петраков.

Украинската репрезентација во моментов е во Словенија, каде што се подготвуваат за баражот за пласман на Светското првенство против Шкотска следниот месец.

ФИФА ја суспендираше Русија на неопределено време, а УЕФА исто така ги исфрли руските репрезентации и клубови од сите европски натпреварувања, одземајќи им ја организацијата на финалето на Лигата на шампионите и отфрлајќи ги кандидатурите за ЕП во 2028 и 2032.

Scroll to Top