Возачот на Ферари, Шарл Леклер, смета дека судирот на Луис Хамилтон и Макс Ферстапен е тркачки инцидент.
Вчерашната трка за Големата награда на Велика Британија, ја обележа инцидентот помеѓу Хамилтон и Ферстапен. Холанѓанецот излета од патеката и не можеше да ја продолжи трката.
На крајот Хамилтон успеа да го помине Леклер и по осми пат во кариерата да победи на Силверстон.
„Тешко е да судите, кога се гледате од болидот при голема брзина“, рекол Леклер.
„Видов дека пред мене се случува нешто. Мислам дека тоа беше тркачки инцидент Тешко е да го обвините едниот или другиот. Се случуваат такви работи. Најважно е дека Макс не е повреден, тоа е добро“.
Челниците на ФИА, пресудија дека Хамилтон е виновен за инцидентот, поради што го казнија со 10 секунди. И покрај казната Британецот успеа да забележи победа.