Top Sport

Леклер на пол-позицијата во Тексас, Ферстапен ќе стартува од шестото место

Шарл Леклер ја освои пол-поизицјата за неделната трка во Остин, Тексас. Возачот на Ферари зад себе ги остави Ландо Норис од Мекларен и Луис Хамилтон од Мерцедес. Старо-новиот шампион Макс Ферстапен, трката ќе ја започне од шестото место.

Квалификациите за главната трка во Остин беа неизвесни од самиот почетоко. Борбата за пол-позицијата се водеше меѓу Леклер, Хамилтон и Ферстапен. Првата сесија му припадна на Британецот, втората на актуелниот светски првак, а решавачката на возачот од Монте Карло.

Во последното излегување на патеката Ферстапен постави најдбро време, но веднаш му беше избришано бидејќи во 19. свиок излезе од границите на патеката. Така Леклер успеа да ја освои пол-позицијата, пред Норис, кој профитираше бидејќи Хамилтон направ грешка во вториот сектор. Помладиот Британец имаше подобра резултат за само девет илјадити делови од секундата.

Место меѓу најдобрите 10 во квалификациите изборија Карлос Синц (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), макс Ферстапен (Ред Бул), возачите на Алпин Пјер Гасли и Естебан Окон, односно Серхио Перез (Ред Бул) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Утре во Тексас од 19.30 часот, ќе се возат квалификациите за спринт-трката.

Foto/ EPA

Scroll to Top