Шарлс Леклер, возачот на Ферари, изјави речиси да не постои шанса, неговиот тим да го победи во трка Мекларен оваа сезона.
Мекларен се неверојатени оваа сезона, тимот победи на 11 од 14 трки во сезоната (две победи има Ферстапен, една Расел), со што ја „зацврсти“ првата позиција во конкуренцијата на возачи и во конкуренцијата на конструктори.
Ферари се единствениот тим меѓу првите четири што не триумфирал на ниту една патека, а Леклер не верува дека има големи шанси тоа да се промени.
„Не верувам дека има една патека каде што сме побрзи од Мекларен. Тие беа најдобри во текот на целата сезона. Ред Бул имаше подеми и падови, па затоа се поблиску до нас и Мерцедес, а Мекларен е единствената константа. Засега, не гледам каде можеме да бидеме фаворити. Се надевам дека ќе бидам изненаден“, рече Леклер.
Ферари имаше многу проблеми оваа сезона и веќе некое време дури има гласини дека Луис Хамилтон би можел да се пензионира порано од очекуваното. Никој не очекуваше Ферари да биде на местото на Мекларен, но никој не веруваше дека ќе се мачат толку многу и дека Луис нема ниту еднаш да заврши меѓу најбрзите тројца.
Foto/ EPA