Top Sport

Леклер: Нема брз лек за болидот на Ферари

Маките на Ферари во сезоната 2020 не можат да бидат ограничени на една област на болидот и ќе биде потребно значително време да се надминат, признава Шарл Леклер.

Ферари обезбеди два пласмани на подиумот во 2020 токму преку Леклер, но тие дојдоа поради проблемите на другите болиди, а во исто време Мерцедес и Луис Хамилтон почнаа да прават недостижна предност во генерален пласман.

Иако многумина посочуваат дека ФИА ги „сопре“ Ферари со контроверзите околу нивниот трик за доток на горивото во моторот во 2019, Леклер смета дека проблемите се пофундаментални.

„Тешко е да се каже што точно не чини на СФ1000 болидот. Се работи за основен проблем. Видовме дека е тешко да се вози на дожд, а на суво се мачиме на деловите на кои има рани делови. Затоа е јасно дека не е една работа, и дека мора да се работи за подобрување на целиот болид. Тешко е да се очекуваат победи бидејќи има тим кој е на највисокото ниво и кој постојано победува“, вели Леклер во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top