Top Sport

Шчесни ги предупреди Лион: Роналдо е подготвен за ново чудо

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни ги предупреди ривалите на клубот во Лигата на шампионите, Лион дека Кристијано Роналдо е подготвен да направи ново чудо во Европа.

„Бјанконерите“ во петок ќе го играат реваншот од осминафиналето од ЛШ против Лион, откако првиот меч во март го загубија со 1:0, и Шчесни е сигурен дека ова е пречка која може лесно да се надмине и да се пласираат во четврт-финалето. Тој потсетува на минатата сезона, кога Атлетико Мадрид имаше предност од два гола, а Роналдо одговори со хет-трик во Торино.

„Гледам тим кој е подготвен, имаме услови слични на минатогодишниот меч со Атлетико и затоа верувам дека можеме да успееме. Уште еден хет-трик на Роналдо? Кој на светот би се сомневал дека Кристијано е способен за такво нешто? Тој обично ја прави предноста кога е најважно и мислам дека е подготвен за ново чудо. Играме за главната цел, така што мотивацијата не претставува проблем“, вели Шчесни.

Scroll to Top