Лидерот во генерален пласман во Ф1, Шарл Леклер бил ограбен во Италија во понеделникот, и избегнал повреди, но останал без часовникот „Ришар Мил“ (Richard Mille) вреден фантастични 320.000 долари.
Според италијанските медиуми, Леклер бил во Вијареџо, Тоскана со неговиот тренер Андреа Ферари и неговите пријатели, кога бил препознаен од фановите, и кога тие го опкружиле барајќи автограми и фотографии, некој успеал да му го украде часовникот.
Иронично, ова не е првпат Ф1 возач да остане без часовник од лускузната швајцарска компанија. Лендо Норис од Мекларен остана без протип на „Richard Mille“ при хаосот кој се случи во финалето на ЕУРО 2020 помеѓу Англија и Италија на „Вембли“ минатото лето.