Top Sport

Леклер потврди дека имало тимски наредби во корист на Фетел (видео)

Шарл Леклер потврди дека му било наредено да не го нападне Себастијан Фетел пред него во финишот на Австралиското ГП, откако му се доближи на колегата од Ферари на 10 круга пред крајот.

Оваа одлука доаѓа откако пред стартот на сезоната, шефот на Скудерија, Матија Биното потврди дека Фетел ќе има приоритет во првите трки од сезоната. Фетел имаше големи проблеми да ја заддржи позицијата во Мелбурн, но поради одлуката на Ферари, доби дополнителни два поени.

„Јас прашав преку радиото дали може да претекнам, но ми беше порачано дека ги заддржуваме позициите“, изјави Леклер по трката за „Скај спортс“.

Фетел призна дека не бил во состојба да се бори за позиција со својот колега.

„Едноставно бевме спори. Беше јасно дека немав шанса да се борам со никого во тој момент од трката и целта беше само да се стигне до крај“, изјави Фетел.

Scroll to Top