Top Sport

Хансдотер се пензионираше во шведска народна носија и со кифли за сите (видео)

Поранешната олимписка шампионка, Швеѓанката Фрида Хансдотер ја заврши својата кариера во Солдеу, Андора во неделата на спектакуларен начин – облечена во шведска народна носија и со кошничка полна со кифли кои ги делеше додека се спушташе по падината.

33-годишната Хансдотер, која освои злато во слалом во Пјонгчанг минатата година, дебитираше на Светскиот куп во алпско скијање во 2004 како тинејџер и во кариерата стигна до четири победи и 35 подиуми, а во 2016 година го освои и малиот кристален глобус во слалом.

„Беше одлично да се извозе последната трка и да се сретнам со девојктите на финишот. Се натпреварував за Шведска во мојата кариера и горда сум за тоа, и затоа сакав да ги носам овие бои во последната трка“, вели Хансдотер.

Scroll to Top