Top Sport

Леклер предводеше 1-2 за Ферари, Хамилтон излета на тренингот во Монтреал (видео)

Шарл Леклер предводеше 1-2 на Ферари на вториот тренинг пред Канадското ГП во Монтреал, во сесија во која Ф1 шампионот, Луис Хамилтон во Мерцедес излета.

Хамилтон и неговиот колега Валтери Ботас беа за една секунда пред ривалите во првиот тренинг, но Британецот ја загуби контролата на болидот на осмата кривина и удри во ѕидот. Иако со искршениот болид стигна до боксот, тој повеќе не излезе на патеката.

Ферари покажа дека има брзина со меки гуми, откако Леклер постави најбрз круг од 1:12.177, за 0.074 секунди подобро од Себастијан Фетел, додека Ботас заостана 0.134 секунди на третото место. Карактеристиките на патеката „Жил Вилнев“ ги прават Ферари фаворити за прва победа оваа сезона.

Во топ 10 сите болиди беа опфатени во една секунда – по Ботас следуваа Карлос Саинс Јуниор (Мекларен), Кевин Магнусен (Хас), Хамилтон (Мерцедес), Серхио Перез (Рејсинг поинт), Даниел Рикардо (Рено), Нико Хилкенберг (Рено) и Ленс Строл (Рејсинг поинт).

Scroll to Top