Top Sport

Леклер се заби во ѕид со своето Ферари во Џеда, Хамилтон и Мерцедес пак најбрзи

Асот на Ферари, Шарл Леклер имаше застрашувачки инцидент на вториот тренинг пред Саудиското ГП, удирајќи со својот болид во ѕидот и предизвикувајќи предвремен крај на сесијата. За среќа, возачот од Монако, сам излезе од болидот и потоа со безбедносното возило беше однесен во боксот.

Инцидентот предизвика прекин на сесијата на неколку минути пред крајот, по што Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа најбрзи за Мерцедес, најавувајќи дека предноста на „сребрената стрела“ ќе биде голема и во претпоследната трка од сезоната. Пјер Гасли во Алфа Таури беше трет најбрз, додека лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен го заврши тренингот на четврто место, со многу работа пред утрешните квалификации.

Scroll to Top