Top Sport

Леклер стана амбасадор на Џорџо Армани

По Луис Хамилтон и младиот ас на Ферари, Шарл Леклер влегув аво светот на модата, откако склучи договор да биде амбасадор на Џорџо Армани. Хамилтон одамна е спонзор на Томи Хилфигер и имаше сопствена модна колекција.

85-годишниот Џорџо Армани е италијански моден дизајнер познат по своите брендови „Џорџо Армани“ и „Емпорио Армани“, кои имаат комбинирана вредност од речиси 2 милијарди долари.

„Пресреќен сум што можам да потврдам дека станав амбасадор на Џорџо Армани. Модата, заедно со музиката и мотоспортот се мои големи страсти и огромна чест ми е да претставувам таков бренд“, напиша Леклер на Твитер.

Scroll to Top