Top Sport

Фудбалерите на Рајо Валјекано одбиваат да тренираат

Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Рајо Валјекано одби да се појави на првиот ден на групни тренинзи во знак на револт кон клубот по намалувањето на платата за фудбалерите и тренерите.

Додека сите шпански клубови денеска првпат имаа групни тренинзи по стопирањето на шампионатот во март поради пандемијата на корона вирусот, фудбалерите на Рајо останаа дома со индивидуална програма.

Во мај, Рајо се приклучи на владината програма ЕРТЕ, за привремено намалување на платите на фудбалерите. Тренерот Пако Хименез се побуни поради намалувањето на платите, тврдејќи дека клубот е во стабилна финансиска состојба.

Scroll to Top