Возачот на Ферари, Шарл Леклер вети дека ќе го даде својот максимум за да остане конкурентен до крајот на сезоната, откако е лидер по првите две трки по победата на првата трка во Бахреин и второто место во Саудиска Арабија по епската битка со светскиот шампион, Макс Ферстапен во Ред бул.
Тој има предност од 12 поени во генерален пласман, и 20 поени предност пред Ферстапен и првпат во кариерата е лидер во Ф1. Последен пат тој беше лидер во 2017 година, во својата прва Ф2 сезона, кога стана и шампион.
„Се чувствувам одлично, но дефинитивно има повеќе од нас оваа сезона. Знам каде точно можам да се подобрам за да имам подобри пеформанси. Дали ќе биде доволно да ја освоиме титулата, навистина не знам, бидејќи ова е само почеток на сезоната, иако многу добар. Развојот на болидот ќе биде клучен, а ние како возачи ќе помогнеме тука колку што можеме“, вели Леклер.
Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека Леклер го покажал својот квалитет.
„Мислам дека тој е подготвен да се бори за титулата. Тоа и го очекував од него кога лани му го продолживме договорот до 2024, бидејќи знаев за што е способен. Талентот е тука, и сега треба да му обезбедиме болид за да стане шампион“, изјави Биното.