Top Sport

Холандската федерација се извини за песната: Сите Германци се хомосексуалци

Холандската фудбалска федерација (КНВБ) се извини на германските колеги и ги осуди сопствените навивачи кои на пријателскиот меч со Германија на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам (1:1) пееја хомофобни песни, поточно скандираа: „Сите Германци се хомосексуалци“.

„За време на мечот Холандија-Германија, неколку пати се слушна хомофобна песна од нашите навивачи. Сакаме сите да се чувствуваат добредојдено во фудбалот. КНВБ и репрезентацијата преку кампањата ‘Една љубов’ работат против секоја формаа на дискриминација. Песните беа кратки, но болни. Во 2022 мораме да бидеме подобри од ова“, се вели во објавата на федерацијата.

Scroll to Top