Top Sport

Леклер: Веќе нема да се судирам со Фетел

Асот на Ферари, Шарл Леклер вети дека веќе нема да има судири на патеката со неговиот клупски колега, четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел по бурната деби сезона во која го покажа својот талент.

Судирот на Бразилското ГП при крајот на минатата сезона беше кулминација на низа на контроверзи меѓу двајцата возачи во борба за позицијата „возач број 1“ во италијанскиот тим.

„Двајцата сме многу конкурентни и на патеката некогаш мора да има фрикција. Но, на крајот, двајцата сме доволно зрели да знаеме дека не треба да се судираме. Најважно е да работиме добро на развојот на патеката и секако да не ја преминеме границата на борбата како во Бразил. Тоа нема да се повтори“, вели Леклер.

Пред Бразил, Руското ГП во септември беше исто така контроверзно, кога Фетел директно ги игнорираше тимските наредби да го пушти Леклер за да се изведе тактиката на тимот. Покрај ова имаше контроверзи околу тимските наредби и во Монца и во Сингапур, но Леклер вели дека ситуацијата бргу се смирувала.

„Имаше моменти кога не се разбиравме, и по инцидентите не е добро веднаш да се зборува. Оставивме време да слегне прашината и потоа зборувавме за тоа“, вели 22-годишниот тркач.

Scroll to Top