Возачот на Ферари, Шарл Леклер смета дека се уште има шанси да се бори за титулата, но свесен е дека бранителот на титулата Макс Верстапен има значителна предност пред да продолжи вториот дел од сезоната.
Тимот од Маранело имаше многу проблеми и пехови на првите 13 трки и сега има заостанување од 97 поени зад Ред Бул, иако подобро ја започна сезоната од австрискиот тим.
Пред да замине на летната пауза, Леклер забележа два разочарувачки резултати: на трката за ГН на Франција се повлече поради грешка што ја направи додека беше во водство, додека на патеката Хунгароринг поради лошата стратегија заврши на шестата позиција. .
„Мораме да се справиме со резултатите заедно, како тим. Треба да ја искористиме секоја прилика што ќе ни се појави, но верувам дека можеме да го зграбиме приклучокот и да се бориме за титулата до самиот крај. Ќе биде тешко, но се додека има шанси – верувам дека можеме да го направиме тоа“.
Ферари и Леклер имаат значителен минус пред продолжението на сезоната – никогаш досега не била надоместена предност од 80 бода во шампионската борба. Тие имаат можност да го подобрат својот впечаток веќе во недела во 15 часот, кога на програмата е Големата награда на Белгија.