Top Sport

Леклерк: Битка на три тима во 2023 година

Шарл Леклер, светскиот вице-шампио во последната сезона во Формула 1, очекува следниот шампионат да биде поинтересен од минатиот. Асот на Ферари вели дека во трката за титулата, покрај Ред Бул и неговиот тим, повторно ќе се вклучи и Мерцедес.

„Не се сомневам дека Мерцедес ќе биде во борбата. Имаа лош старт минатата сезона, но постојано напредуваа. Видоа каде им се проблемите, ги решија и затоа бележаа одлични резултати на крајот од сезоната. Сигурно ќе направат се за да бидат пред нас и Ред Бул“.

Момчето од Монте Карло очекува и неговиот тим да напредува.

„Работиме напорно. Постојано сум во симулаторот, се обидуваме да ги решиме сите проблеми. Мислам дека сме на добар пат. Секоја година сме се подобри. Очекувам тој тренд да продолжи и во следната сезона“, изјави Леклер.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 5.март 2023 година, во Бахреин.

Scroll to Top