Top Sport

Леклер пред Фетел на стартот во Белгија

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Белгија. Успешниот ден на Ферари го надополни Себастијан Фетел кој траката ќе ја започне веднаш до својот тимски колега.

Леклер во квалификациите ја потврди добрата форма што ја демонстрираше на слободните тренинзи. Тој успеа да го вози најбрзиот круг на легендарната патека Спа Франкошамп 1:42 519 минути. Возачот на Ферари ја освои третата пол-позиција во кариерата.

Леклер беше побрз од Фетел за речиси осум десетинки. Од друга страна Германецот имаше подобро време од Луис Хамилтон за само 15 илјадити делови од секундата.

Хамилтон по сите проблеми што ги имаше во петокот што во саботата го оштети болидот може да биде задоволен од остваренот во квалификациската сесија. Покрај него од вториот ред ќе стартува неговиот клупски колега Валтери Ботас.

Зад нив се поранешните тимски колеги Макс Ферстапен (Ред Бул) и Даниел Рикардо (Рено), па следуваат Нико Хулкенберг (Рено), Кими Раиконен (Алфа Ромео), Серхио Перез (Рејсинг Поинт) и Кевин Магнусен (Хас).

Scroll to Top