Top Sport

Лендо Норис ги одбил Ред бул за да остане во Мекларен

Возачот на Мекларен, Лендо Норис признава дека сезоната 2022 можеше да биде подобра за неговиот тим и открива дека преговарал со шампионскиот тим на Ред бул пред на почетокот на годината да го продолжи договорот со својот тим до 2025 година.

„Секако, постојано има разговори со други луѓе. Секогаш се прашуваш што е најдобро за твојата кариера, а мојата цел е да победувам и да освојувам титули. Разговарав со Ред бул, тим кој беше во топ 3 со години. Но, тоа што не потпишав со нив само покажува колку доверба имам во Мекларен. Тие се тим со кој ќе ги остварам моите цели“, вели 22-годишниот Британец.

Норис е единствениот возач со подиум кој не е во топ 3 тимовите (Ред бул, Ферари и Мерцедес).

Scroll to Top