Top Sport

Матеус вечно ќе биде аргентински пријател откако го врати дресот на Марадона

Дресот со кој Диего Марадона помогна Аргентина да го освои Светското првенство во 1986 година се врати во својата татковина 36 години подоцна, откако германскиот капитен, Лотар Матеус го донираше дресот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА). Матеус ја најави донацијата во август, по што ја однесе во аргентинската амбасада во Мадрид, Шпанија, каде што беше изложена на посебна музјска поставка, пред да се врати во Аргентина.

„Диего е Бог во Аргентин, затоа беше важно да се врати овој дрес. Штета што не е со нас, но секогаш ќе биде во нашите срца“, изјави тогаш Матеус.

Иронично, дресот кој Марадона го носеше во славната победа над Англија во четврт-финалето во мај оваа година беше продаден за 8.01 милиони долари.

Аргентинската федерација му се заблагодари на Матеус нарекувајќи го вечен пријател.

„Ова е приказна за германскиот капитен кој го имаше аргентинскиот капитен како свој пријател. Како сите пријатели, тие си ги споделуваа најдобрите работи кои ги имаа – прегратка, совет и по некој дрес“, велат од федерацијата.

Scroll to Top