Откажаниот тест на „Пирели“ во Интерлагос значеше дека резервниот возач на Мекларен, Лендо Норис пристигна во Бразил само да се избања.
18-годишниот Норис, кој беше потврден за тест-возач за сезоната 2018, и овој викенд ќе се трка во Ф3 трката во Макау, вели дека останал во бањата во Сао Пауло откако тестирањето беше прекинато поради безбедносни причини по серијата напади на Ф1 персонал во близина на патеката.
Европскиот Ф3 шампион потоа се врати во Париз, по што замина за Шангај и за Макау.
„Само што стигнав во хотелот во Бразил и бев во бањата и го читав прирачникот за воланот на Мекларен, бидејќи тој е доста комплициран. Тогаш ми се јавија дека тестот е откажан. Се врати в во бањата и тоа беше единственото нешто што го направив во Бразил. Ова дефинитивно е мојата најдобра приказна за патување досега“, вели Норис во интервју за „Ројтерс“.