Лидерот во генералниот пласман, во првенството на Формула 1, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата, во пресрет на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот во Сингапур ја освои седмата пол-позиција оваа сезона.

Најбрзиот круг што го извозе Хамилтон изнесуваше 1:36.015 минути. Возачот на Мерцедес, оваа година, доминираше во квалификациската сесија, за разлика од лани, кога стартуваше како петти.

foto: epa

Времето на Хамилтон е за речеси четири секунди побрзо од резултатот што го оствари лани Себастијан Фетел.

Трката до Хамилтон, од првиот стартен ред ќе ја започне пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Во вториот ред се Себастијан Фетел и колегата на Хамилтон од Мерцедес, Валтери Ботас.

Во третиот ред се Кими Раиконен и Даниел Рикардо, а зад нив Серхио Перез, Роман Грожан, Естебан Окон и Нико Хилкенберг.

Трката за Големата награда на Сингапур утре ќе започне во 14:10 часот. Во пресрет на оваа трка Хамилтон има 30 бода повеќе од Фетел.