Top Sport

Лоренцо ги „собра“ ривалите, колегата Маркез победи во Каталонија (видео)

Марк Маркез го зголеми водството во генерален пласман во Мото ГП шампионатот на фантастични 37 поени, откако го преживеа хаотичниот старт на Каталонското ГП за да ја забележи својата четврта победа оваа сезона.

До победата Маркез стигна откако неговиот клупски колега Хорхе Лоренцо ги „собра“ најголемите ривали на Шпанецот, Андреа Довициозо, Валентино Роси и Маверик Вињалес на стартот на трката. Трикратниот светски шампион на 10-тата кривина во вториот круг го „закачи“ задниот дел на Дукатито на Довициозо, кое потоа излета и го собра Вињалес во Јамаха, додека Роси немаше каде да оди освен преку мотоциклот на Лоренцо.

Со неговите ривали надвор од трката, Маркез немаше предизвик до крајот на трката, собирајќи лесни 25 поени во трка која ја завршија само 13 од 24 стартери. Французинот Фабио Квартараро го оствари првиот Мото ГП подиум на второто место, откако ги победи Данило Петручи и Алекс Ринс.

Scroll to Top