Хорхе Лоренцо признава дека неговата „вредност“ на пазарот во Мото ГП шампионатот „не е висока“ по лошата прва сезона со Дукати во 2017.
Лоренцо освои три светски титули со Јамаха, поминувајќи девет години со јапонскиот шампионат, пред да се реши да направи трансфер во Дукати, каде што се мачеше со традиционално „посебниот“ Десмоседичи мотоцикл на Дукати. Повеќето возачи остануваат без договор на крајот на 2018, и Лоренцо признава дека не е во најдобра позиција.
„Имам добар договор за 2017 и 2018 бидејќи мојата вредност на пазарот беше висока. Многу возачи сакаат да зборуваат за тоа, но кога потпишав договор бев петкратен светски шампион со 44 победи во Мото ГП и многу пол-позиции. Лани не се борев за титулата по подолго време, а јасно е дека си толку вреден колку што била добра твојата последна трка. Во последната трка паднав, така што…“, изјави Лоренцо на промоцијата на шасијата на Дукати за 2018 во Болоња.
Тој додава дека го вози Дукатито „поприродно“ во финишот на сезоната, но дека адаптацијата не е целосна.
„Никогаш не престануваш да учиш и никогаш не престануваш со менувањето на возачкиот стил, дури и кога бев во Јамаха. Лани многу работи се сменија, и верувам дека оваа година ќе биде подобра“, вели Лоренцо.