Top Sport

Алба: Во Барселона ќе не убиеја да бевме во ситуацијата на Реал

Барселона во неделата направи вистински пресврт за да ги совладаат Реал Сосиедад со 4:2 за да останат непоразени и да избегаат неверојатни 19 поени на Реал Мадрид. Жорди Алба вели дека доколку тие се наоѓале во ситуацијата на Реал, навивачите на Барселона би ги убиле.

„Доколку Мадрид водеше со 19 поени, во Барселона дефинитивно ќе не убиеја. 19 поени е огромна разлика, но не смееме да ги потцениме Реал и знаеме дека ќе се борат до крај“, изјави Алба за „Марка“.

Без вистински ривал во трката за титулата, Алба вели дека мотивацијата Барселона ќе ја бара во тоа да има сезона без пораз.

„Тајната на успехот е тимската работа. Сите се вклучени во одбраната, во нападот и во освојувањето на топката, иако напаѓачите ја имаат најтешката задача“, додава Алба.

Scroll to Top