Top Sport

Лоренцо: Роси го копираше мојот стил кога се врати во Јамаха

Хорхе Лоренцо вели дека неговиот поранешен клупски колега, Валентино Роси го копирал кога Италијанецот реши да се врати во Јамаха во 2013 по двегодишната „авантура“ со Дукати.

Во својата нова автобиографија со наслов „Што научив пред да наполнам 30“, Лоренцо се потсетува на искуството кога по вторпат мораше да работи со „Докторот“ Роси во 2013.

Роси и Лоренцо прво беа колеги во 2011 и 2012, кога поради нетрпеливост нивните гаражи беа разделени со ѕид, но од 2013 до 2016 не се појавија поголеми проблеми меѓу двајцата. Лоренцо, кој сега вози за Дукати, вели дека спортскиот директор на Јамаха, Масимо Мерегали ги предавал сите информации кон Роси.

„Се обидов да зборувам со Мајо Мерегали. Можев да прифатам тоа што ги копираа подесуваата пред секоја трка, но некогаш се надмина границата. Решив да не му дозволам да биде на техничките брифинзи по квалификациите“, пишува Лоренцо.

Шпанскиот трикратен светски шампион исто така вели дека Роси ја копирал и неговата тренинг-рутина во базата на Јамаха во Герно ди Лесмо по состанокот со неговиот тренер Антонио Кашани, кој потоа доби отказ.

„Роси се врати од Јамаха и беше многу заинтересиран да ги подобри резултатите. Одеднаш дознав дека мојот физиотерапевт се среќава со него во Тавулија за да му објасни како тренирам. Решив да го отпуштам Антонио. Валентино потоа почна да тренира со истите машини кои ги користев јас, по некоја случајност и стана поконкурентен“, додава Лоренцо.

Scroll to Top