Top Sport

Џошуа и Кличко се вратија на „Вембли“, една година подоцна (видео)

Ентони Џошуа на 29 април 2017 година прати порака дека е новиот „крал“ на тешката категорија нокаутирајќи го Владимир Кличко на преполниот „Вембли“, и една година подоцна двајцата се сретнаа на исто место.

Џошуа беше ИБФ шампион пред тој меч и ја додаде ИБФ титулата, а сега преговара со Американецот Дионтеј Вајлдер за да ги обедини сите титули во тешка категорија.

„Се вратив на ‘Вембли’ една година по големиот меч со главниот човек Владимир Кличко. Арената можеби е празна, но видете кого најдов“, вели Џошуа во видеото на Инстаграм.

Кличко имаше опција да добие ри-меч со Џошуа во Лас Вегас, но по долго размислување реши да се повлече од спортот.

Scroll to Top