Трикратниот светски шампион Хорхе Лоренцо ќе го пропушти неделното Холандско ТТ во Асен откако го скрши грбот при спектакуларен пад на првиот тренинг во петокот наутро.
Лоренцо излета на брзата лева седма кривина во последните пет минути од првиот тренинг, по што неколку пати се преврте на земјата. Тој мораше да добие помош од стјуардите на патеката и беше однесен во медицинскиот центар, пред да биде преместен во локалната болница. Поради болките во грбот и градите, Лоренцо нема да вози во недела, а неизвесен е и за трката во Заксенринг за една недела.
Ова е само комплетирање на катастрофалната сезона за Лоренцо, кој не само што не успеа да се навикне на моторот на Хонда со кој неговиот шпански сонародник Марк Маркез доминира, туку минатиот викенд беше одговорен за голем инцидент на Каталонското ГП собирајќи ги Валентино Роси, Маверик Вињалес и Андреа Довициозо.
Video Jorge Lorenzo crashing in FP1! #DutchGP #MotoGP pic.twitter.com/mw5iwYLScX
— Sophia (@sophia_wrc) June 28, 2019