Top Sport

Лоренцо се откажа од трката во Тајланд (Видео)

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, в недела нема да ја вози трката за Големата награда на Тајланд.

Шпанецот во петокот доживеа тежок пат на патеката, на слободниот тренинг, но за среќа мина без некои посериозни повреди.

Сепак италијанскиот тим и самиот тој решиле да не ризикуваат и да не ја вози трката во Тајланд. На оваа одлука влијание има и случката од пред две недели, кога на трката за Големата награда на Арагон, Лоренцо се здоби со фрактура на стапалото.

Шпанецот на третиот тренинг пред официјалните квалификации шетал крај патеката со помош на патерица.

Лоренцо заврши в болница по тешкиот пад (Видео)

Scroll to Top