Top Sport

Џовинко повторно ќе игра за Италија

Фудбалерот на Торонто, Себастијан Џовинко, по три години доби повик за настап во фудбалската репрезентација на Италија. Италија во наредниот период ќе игра против Полска во Лигата на Нации, а потоа против Украина ќе одигра контролен меч.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини решил да го награди поранешниот играч на Јувентус и Парма за одличните натпревари во МЛС лигата, каде има постигнато 82 гола на 139 натпревари.

Џовинко последен пат дресот на Италија го носел во октомври 2015 година, кога Италија ја совлада Норвешка со 2:1, во квалификациите за пласман на Европскот првенство. Џовинко тогаш ги одиграл последните 25 минути.

За овие натпревари, поради лошата форма, Манчини не ги повика Марио Балотели од Ноца и Андреа Белоти од Торино, додека прв пат шанса во репрезентацијата ќе добие играчот на Сампдорија, Џанлука Капрари.

Италија на 10.октомври ќе ја пречека Украина, а четири дена подоцна ќе гостува кај Полска.

Scroll to Top