Top Sport

Лоренс Строл го купи тимот на Форс Индија?

Ленс Строл речиси сигурно следната сезона ќе вози за тимот на Форс Индија, откако шпекулациите велат дека неговиот татко, канадскиот милијардер Лоренс Строл го купил тимот од Силверстоун.

Според „Ауто мотор унд спорт“, на Германското ГП минатиот викенд се одвивале клучни преговори за иднината на Форс Индија, по финансиските проблеми на тимот, додека „Ауто билд“ тврди дека Строл може да биде спасител на тимот кој ако не најде спонзор ќе банкротира на крајот на сезоната.

„Нејасно е дали Строл веќе обезбедил мнозинство од акциите на тимот и дали тој целосно му припаѓа или се работи само за спонзорски договор“, вели новинарот Ралф Бах.

Таткото Строл е незадоволен од положбата на неговиот син во Вилијамс, откако славниот англиски тим и покрај финансиската инјекција не успеа да се бори редовно за поени оваа сезона. Колегата на Строл, Сергеј Сироткин останува единствениот возач во Ф1 без освоен поен оваа година.

Scroll to Top