Top Sport

Златан: Многу квалитет во Јунајтед, но не е исто без мене

Пред мечот од предсезоната против Милан, Манчестер јунајтед имаа посебен гостин на тренинг сесијата во Лос Анџелес – нивниот поранешен напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот беше забележен во разговори со менаџерот Жозе Мурињо и поранешниот капитен, а сега тренер во тимот, Мајкл Керик, по што сними и видео поканувајќи ги фановите на натпреварот меѓу неговите два поранешни тима.

Златан не би бил Златан за ваков момент да не искористи да го потенцира својот квалитет. Обраќајќи се на Инстаграм профилот на Јунајтед тој имаше јасна порака.

„Погодете кој се врати. Ги гледав Јунајтед како тренераат и видов многу квалитет, но не квалитет каков што носам јас. Одлично е да се видат момците. Бидете подготвени за оваа сезона, бидејќи ќе се случи нешто посебно, а шефот има свој план. Уживајте“, вели Ибра.

Scroll to Top